Нивните креации се едни од најделикатните и најромантичните парчиња висока мода последниве неколку децении, дело на врвни мајстори на рачната работа. Ралф и Русо, луксузниот бренд познат по своите врвни креации висока мода, на својот Инстаграм профил, објавија дека фирмата оди под стечај.
View this post on Instagram
,, Со големо жалење по 11 години работа, мора да ви соопштиме дека Ралф и Русо денес е ставена под стечај.
Тешката одлука беше донесена со цел да се погрижиме успехот на компанијата да продолжи и да се реструктурира бизнисот откако глобслната текстилна економија беше погодена од страна на пандемијата." - стои во соопштението кое го дадоа Тамара Ралф и Мајкл Русо.
View this post on Instagram
Лондонската компанија ќе продолжи да работи, но во рацете на стечаен управник. Тамара и Мајкл го созададоа брендот во 2010 година и го развиваа како луксузен моден бренд кој создаваше висока и секојдневна мода и луксузни додатоци.
Тамара Ралф и Мајкл Русо
Пред 2 години дуото доби и лиценца од Chambre Syndicale de la Haute Couture во Франција, со што станаа бренд со haute couture статус. Ваков статус не е доделен на британски бренд повеќе од 100 години.
View this post on Instagram
Во 2018 година, кога Меган и Хари ја објавија свршувачката, за потребите на фотосесијата, Меган носеше креација на Ралф и Русо, вредна 75 илјади долари, а меѓу останатите клиенти на брендот се впишуваат и Ријана, Анџелина Џоли, Пријанка Чопра и Џеј Ло.
Меган Маркл во креација на брендот
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram