Магазинот Cover се извини за ангажирањето на анорексичната манекенка

26 февруари 2015

Данскиот магазин Cover што пред неколку дена во последниот број објави едиторијал со неверојатно слаба манекенка, упати извинување по повод нејзиното ангажирање и ширењето погрешна слика за модата денеска.

Само неколку часа откако изданието беше излезено во продажба, реакциите на социјалните мрежи не стивнуваа. На фотографијата јасно се гледа дека девојката што е дел од нивниот едиторијал е сериозно слаба и воопшто не изгледа здраво.

Покрај целиот свет, на фотографијата реагираше и данскиот политичар Бени Енгелбрехт кој на својот Твитер профил напиша:

„Сериозно мислев дека модната индустрија сфати дека анорексијата е проблем што треба да се земе многу сериозно“, напиша политичарот.

Издавачот на данскиот магазин Мален Малинг јавно се извини за прикажувањето на анорексичната девојка во нивното издание, потенцирајќи дека како жена и мајка не може да се помири со таква грешка и целосно ја презема одговорноста.

Имено, манекенката што е дел од нивниот едиторијал се вика Лулулеика и има само 16 години. Таа е дел од модната агенција Scoop Models од каде веднаш излегоа со реакција за фотографијата, посочувајќи дека таа е сосема здрава.

Едиторијалите што таа досега ги има снимено го покажуваат сосема спротивното, со оглед на тоа што речиси на секоја фотографија, младата девојка изгледа неверојатно слабо!

 

Иако веќе одамна светските магазини и дел од дизајнерите расчистија со промовирањето на ултра слаби манекенки, се чини дека данското списание мораше на потежок начин да ја научи лекцијата!

Објавено:
26 февруари 2015
Категорија: 
Актуел