Магазинот „Тајм“ соопшти: „Дете на годината“ е 15-годишна научничка

11 декември 2020

За првпат во 92 години, колку што магазинот „Тајм“ ја избира „Личноста на годината“, одлучи да направи нова категорија „Дете на годината“.

И првата што ја има честа да ја понесе оваа титула е 15 годишната Гитанџали Рао од Колорадо, научничка и иноваторка. 

Таа успеа да победи 5.000 лица од 8 до 16 години кои влегоа во конкуренција да се најдат на оваа насловна на магазинот. Во категоријата биле вклучени деца-лидери од САД кои веќе направиле позитивни промени во заедниците во кои живеат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time)

 

Рао има осмислено уред за откривање олово во водата. Уште на десетгодишна возраст таа открила технологија која користи молекули со помош на кои детектира присуство на хемикалии во водата за пиење. Воедно, еден од нејзините последни проекти е апликација за детектирање на сајбербулинг, односно малтретирање на Интернет. 

Во интервјуто за магазинот, кое ѝ го правеше Анџелина Џоли, тинејџерката изјави дека се надева дека ќе послужи како инспирација за другите да доаѓаат до идеи за решавање на светските проблеми.

„Нашата генерација се соочува со многу проблеми кои досега не постоеле. Но, се соочуваме и со стари проблеми, кои се' уште постојат. Мислам дека сега, повеќе од било кога, имаме потреба да најдеме нешто што ни буди страст и да го решиме... Се' може да направи разлика и најмали нешта. Не чувствувајте притисок  да создадете нешто големо. Ако можам јас, можеш и ти, можат сите“, порачува Рио.

Таа додава дека не изгледа како типичен научник.

„Во медиумите, научник е постар човек, најчесто белец. Мојата цел навистина се смени. Не сакам само да доаѓам до изуми за решавање на светски проблеми, туку сакам да инспирирам други за да работат исто, затоа што од лично искуство, не е многу лесно кога немате никој друг сличен на вас“, посочува тинејџерката.

Младата научничка потенцираше и на фактот дека постојат многу други прашања на кои треба да се работи и кои треба да се решаваат.

„Во сред глобална пандемија сме, а и понатаму се соочуваме со прашањата за човековите права. Постојат проблеми кои не ги создадовме ние, како што се климатските промени и малтретирањето на Интернет, но кои сега мора да ги решаваме со воведување на нови технологии. Не можеме да видиме свет исполнет со љубезност без наука и технологија“, вели Гитанџали.

Таа изразила желба да студира генетика и епидемологија на Институтот за технологија во Масачусетс. 

Нејзината мајка откри дека кога Гитанџали имала три години ги прашала како може да помогне некому кој е болен, а добила предлог да му свири. Така учи да свири клавир и одлична е во тоа.

Инаку, и претходно била наградувана.

За уредот за брзо и ефтино откривање на олово во водата добила и титула „Главен млад американски научник“, а за прашањето за загадувањето на водата се заинтересирала гледајќи вести. Во два наврата за своите изуми добила и парична награда од 25.000 долари.

Воедно, влезе и на листата на „Форбс“ - „Forbes 30 under 30“.

За потсетување, минатата година, за „Личност на годината" беше прогласена 16-годишната Грета Тунберг која со тоа стана најмладата Личност на годината и прва под 25 години која ја добива титулата, а со своите појавувања и активизам се' уште предизвикува различни реакции.

Годинава пак, за личности на годината, прогласени се Џо Бајден и Камала Харис. Во категоријата „Бизнис личност на годината“ пак, победник е основачот и директорот на апликацијата „Зум“, Ерик Јуан. Меѓу личностите на годината се и групата „BTS“ кои се прогласени за „Забавувачи на годината“. Ле Брон е спортист на годината, додека пак здравствените работници се едни од „Чуварите“ во 2020.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time)

 

Објавено:
11 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
172 пати