Магазинот „Вог“ со Меган Маркл најпродаван во историјата

29 февруари 2020

Изданието на британскиот „Вог“ во кое гостин-уредник беше Меган Маркл, е најпродаваниот број во историјата на магазинот (во Британија), соопшти уредникот Едвард Енинфул.

Како пренесува, тоа издание е распродадено за само 10 дена и воедно е најпродавано во последната декада општо.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Edward Enninful, OBE (@edward_enninful) onFeb 13, 2020 at 6:22am PST

За да го прослави успехот, тој објави снимка која досега не беше пласирана во јавноста, каде Меган Маркл му подарува шапка на Енинфул.

„Никогаш не сум видел нешто случно. Бевте вклучена во целиот процес, од почеток до крај“, објаснува тој.

Војвотката пак, акцентот го ставила на одржливата мода.

„Единствено нешто што ги прашав е: „Дали сте запознаени со кралскиот моден стил и кодексот на облекување?" и „Можете ли во овај број да претставите облека која што е направена од одржливи материјали?". Тогаш без проблем, сѐ им препуштив на професионалци", посочи поранешната Војвотка од Сасекс.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Edward Enninful, OBE (@edward_enninful) onFeb 13, 2020 at 11:51am PST

За потсетување, насловната страна на ова септемвриско издание, ја красат 15 жени на кои Маркл им се восхитува, обединети под слоганот „Forces for Change", жени кои оставиле некоја трага и кои го смениле светот... Во нејзиниот избор има дами од шоубизнисот, активистки, политичарки..., а на сите заедничко им е тоа што ја слават различноста, се занимаваат со суштински прашања, меѓу кои и климатските промени. Но, има и едно празно квадратче кое го пополнува секоја читателка на магазинот, секоја „обична жена“.

Војвотката тогаш, беше првиот член од кралското семејство кој воопшто добил шанса да го уредува најпознатото модно списание.

„Изминатите седум месеци беа многу драгоцени за мене. Соработката со Едвард која имаше за цел да го насочиме фокусот на магазинот на одредени вредности, причини и луѓе кои денес го менуваат светот, е непроценлива. Се надевам дека сите ќе можат да ја почувствуваат силата на колективот во разновидниот избор на жени кои што ги избравме за насловната страница. Се надевам дека публиката ќе се чувствува инспирирана како што сум и јас од „моќта на промените" кои ќе ги пронајдат на овие страници ", изјави тогаш Маркл.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Edward Enninful, OBE (@edward_enninful) onFeb 14, 2020 at 4:08am PST

Но, Меган беше обвинета и за плагијаторство, бидејќи насловната страна излезе дека е веќе нешто видено.

Сепак, очигледно, тоа не го намалило успехот на овој број, кој и преку статистиката на продажба успеа да влезе во историјата. 

 

Објавено:
29 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.501 пати