Маичка дизајнирана од Мајкл Корс, против гладот во светот

16 октомври 2013

Мајкл Корс уште еднаш ја потврди својата посветеност во борбата против гладот во светот, со социјална иницијатива која вклучува голем дел обожаватели, славни личности и медиуми, се  со цел да му се даде посебно место и внимание на ова прашање. Утре во шест продавници, од кои во Европа само во Берлин,  ќе биде пуштена во продажба маичката која е креирана од страна на дизајнерот Мајкл Корс по повод Светскиот ден на храната, манифестација организирана од Обединетите Нации. Луѓето кои ќе бидат поканети да присуствуваат на овој свечен чин ќе добијат маичка со која ќе мораат да се фотографираат, а фотографиите да ги објават на нивните социјални мрежи.

 

 

Оваа иницијатива се јавува како последица на еден поголем проект, кој ја вклучува кампањата за часовници Watch Hunger Stop, која исто така се огласи како подржувач на оваа кауза, чиј промотор е Мајкл Корс  во соработка со актерката Хали Бери. Се работи за капсулна колекција на часовници која Корс ја лансираше во април и од чија продажба се обезбедува храна за деца кои живеат во областите погодени од глад.

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Актуел