Маичка со контроверзен цитат на Кејт Мос повлечена од продажба

27 јуни 2014

„Ништо не е толку вкусно колку што е добро да се биде слаб“ гласи квотатата  на маичка од топ моделот Кејт Мос што е повлечена од продажба во Канада. Малопродажната канадска компанија Хадсон Беј по реакција и поплаки од клиентите на социјалните мрежи ја тргна од онлајн продажба и од продавниците.

-Ние ја вреднуваме врската со нашите купувачи и ги разбираме нивните забелешки во целост дека написот од маичката за нив е навреда, соопштуваат од компанијата и додаваат дека без двоумење ја тргнелe од продажба контроверзната маичка.

Кејт Мос оваа реченица ја кажа во интервју во 2009 година, а и тогаш веднаш предизвика реакции кај медиумите во контекст на тоа дека промовира нарушување во исхраната. Дизајнерот на маичката Кристофер Ли ги објасни своите причини зошто се одлучил да го аплицира токму овој цитат на манекенката.

-Модата е создадена да се слави, почитува, мрази или осудува, а изјавата на Кејт Мос всушност ја прикажува и апсурдноста во модната индустрија. Јас навистина се извинувам доколку со мојата дизајнерска идеја навредив некого, бидејќи и самиот стојам зад сериозноста од нарушувањето на исхраната, објаснува дизајнерот.

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Актуел