На Греми наградите што се одржаа пред некој ден, поранешната прва дама Мишел Обама беше вистинска ѕвезда на вечерта, кога се појави сосема неочекувано, а сите присутни ја пречекаа со овации.
Но, се чини дека нејзината мајка Мeри Ен Робинсон не била многу воодушевена, односно воопшто не знаела дека Мишел ќе се појави на церемонијата, сè додека нејзината пријателка не и кажала да го вклучи телевизорот.
Abc News
Целиот разговор што Мишел и нејзината мајка го воделе преку смс пораки таа го објави на Инстаграм со хаштагот пораки од мама (#TextsFromMom).
Истиот гласеше вака:
View this post on Instagram
Мери Ен: „Претпоставувам дека беше хит на Греми наградите“.
Мишел: „Седам со Валери и ова е порака што тотално ја очекував од тебе. Ја гледаше ли церемонијата?!“
Мери Ен: „Ја гледав бидејќи Грејси ми се јави. Се сретна со некоја од вистинските ѕвезди или си отиде одма после говорот?“
Мишел: „Мамо, ти кажав дека ќе бидам на доделувањето“.
Мери Ен: „Не, не ми кажа. Ќе се сетев, иако во последно време не се сеќавам на многу работи“.
Мишел: Емотикон смајли: „Мислев дека сум ти кажала. И колку да знаеш, и јас сум вистинска ѕвезда“.
Мери Ен: „Да“.
View this post on Instagram
Разговорот меѓу Мишел и мајка ѝ беше пренесен на многу медиуми, а истиот е дефинитивно нешто на што ќе се насмеете денеска и типично однесување на една мајка.