Македонка чекореше за „Москино“ на пистата на Arab Fashion Week

13 ноември 2021

Неодамна во Дубаи се одржа Arab fashion week, на кој беа претставени вкупно 18 брендови, меѓу кои и „Москино“.

Меѓу моделите кои беа ангажирани беше и Македонката Андријана Илиоска, која ги сподели своите впечатоци од оваа модна недела со нас.

„Модната недела траеше девет дена. Првите два дена имаше кастинзи и фитинзи за претстојните ревии. Од вкупно, 18 дизајнери на настанот, работев, а бев избрана и да дефилирам и за познатиот бренд „Москино““, ја започнува приказната Илиоска.

Токму со оваа ревија и се отворила Модната недела. 

„Истиот ден имаше настан, „Fashion Icon Awards“ каде што му беше доделена награда на уметничкиот директор, Џереми Скот. Инаку, учествував и на ревии на други познати дизајнери од Дубаи, Париз, Полска, Милано и САД меѓу кои и Мајкл Синко, кој што дизајнира за големи светски ѕвезди како што се Малума, Ник Џонас, Бијонсе и многу други, исто така дефилирав и за најновата колекција на брендот „Амато“ кој дизајнира за Ники Минаж, Кејти Пери и други“.

Инаку, таа во моментов нема матична агенција, па работи како freelance модел.

„Како модел работам повеќе од 5 години, но сето ова за мене беше ново искуство, целата огранизација беше на високо ниво, учевствуваа дизајнери кои дизајнираат за најголемите ѕвезди во светот, исто така и моделите кои што беа дел од ревиите беа искусни модели кои веќе долго време работат и затоа овој настан беше преголем предизвик за мене. Секојдневно имавме кастинзи и проби односно фитинзи за престојните ревии, на денот на ревиите се прави генерална проба и се почнува со шминка и фризура и потоа започнува ревијата“, споделува Андријана.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ANDRIJANA ILIOSKA (@ailioska)

 

Таа вели дека од учеството на овој моден настан носи многу позитивни искуства, контакти кои ѝ овозможуваат понатамошен развој и успех во оваа кариера.

Инаку, веќе следниот месец ја очекуваат нови ангажмани.

„Од 10 до 20 декември ќе патувам за Нигерија, Лагос, каде ќе ја претставувам нашата држава на интернационалниот избор за убавина Miss Supraglobal“.

 



Објавено:
13 ноември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.022 пати