Македонка ја освои титулата за Најфотогенична на избор за убавина во Турција

16 ноември 2021

Во Турција неодамна се одржа изборот за „Кралица на Евроазија 2021 (Queen of Eurasia 2021), на кој нашата претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична (Best FOTOMODEL).

Таа е од Тетово, има 24 години и членка е на „Модното студио Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина кој традиционално секоја година се одржува во месец ноември во Анталија.

Победничка на изборот, Кралица на Евроазија за 2021 е претставничката на Белорусија.

На финалето нашата Катарина носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработија студијата "Краљевски" и "Луме".

Изборот се одржа во прекрасниот хотел „Спајс“ во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 30 финалистки на Кралица на Евроазија 2021.

Објавено:
16 ноември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.320 пати