Македонката Андријана Илиоска избрана за Прва придружничка на изборот „Next world top model 2020“

24 октомври 2020

Македонската претставничка Андријана Илиоска, на изборот за убавина „Next world top model 2020" што се одржа во Бејрут, Либан, оствари голем успех освојувајќи ја титулата Прва придружничка.

Во конкуренција од 40 модели од исто толку држави од целиот свет, нашата претставничка достојно претставувајќи нè, успеа да ја освои една од главните титули, што ѝ донесе голем интернационален успех.

Лиценцата за Македонија за овој избор, ја поседува Модното студио „Црнокрак" кое во Либан ја искористи можноста за средби и договори со скаути од целиот свет кои присуствуваа на финалето, за ангажирање на наши модели во разни интернационални модни агенции.

 

 

Објавено:
24 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.880 пати