Македонката Елена Анѓеловска со голем успех на светското финале на Miss Globe 2015

9 октомври 2015

Вчера во Торонто, Канада се одржа светското финале на изборорт за Miss Globe 2015 година, каде нашата македонска претставничка Елена Анѓеловска ја освои титулата Втора придружничка во конкуренција на 60 финалистки од исто толку земји од целиот свет, со што постигна голем личен и национален успех.

Елена претходно победи на изборот за Мис на Македонија за Miss Globe 2015, со што се стекна со правото да ја претставува нашата земја на 42-то издание на овој значаен интернационален избор за убавина.

Победничка на изборорт е убавицата од Филипини, додека титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Албанија.

„Учесничките три недели престојуваа во Торонто каде се подготвуваа за големото финале. Елена во Канада имаше голема поддршка од екипата на Модното студио Црнокрак, кое пак ја поседува лиценцата за Македонија за Miss Globe и во чија организација беше нејзиниот настап на изборорт", велат од модната агенција.

Во финалето, нашата убавица носеше креации од македонскиот дизајнер Ненад Секирарски, специјално дизајнирани за оваа прилика.

„Пресреќна сум и се уште во шок бидејќи не се надевав на толкав успех, иако бев сигурна во себе и подготвена за натпреварот. Имав голема конкуренција и сметав дека ќе биде успех самиот влез во финале меѓу најубавите 15. Но, кога влегов во првите пет се надевав и на титула, и тоа се оствари. Благодарност до Модното студио Црнокрак кои беа со мене цело време и ми даваа поддршка цело време додека престојував во Канада. Ове е и титула за Македонија", изјави Елена непосредно по изборот.

Објавено:
9 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.039 пати