Македонски актерки во улога на модели за изложбата на отворено во Карпош во организација на FWSK

20 октомври 2014

Изложбата на отворено ќе трае од 22 октомври до 22 ноември, а за фотографиите направени на осум локации низ општината беа ангажирани македонските актерки Дарја Ризова, Јована Павлаковиќ и победничката на првото издание на „Танц со ѕвездите“Јована Василева, како и манекенките на модната агенција „Подиум“: Моника Илиевска, Рене Вајт, Јорданка Михајловиќ и Фаниа Гиачо.

Покрај тоа што граѓаните ќе имаат можност подобро да ја запознаат својата општина, но и креациите на модните дизајнери, магазинот „Теа Модерна“ ќе ја понуди ексклузивната фотосесија во новиот број, кој ќе биде подарок за сите читатели ширум земјата.

Света Богова Јовановска

Марија Илиќ

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Актуел