Македонски дизајнери се промовираат пред Европа на [SKP] PopUp Store во Цирих

19 мај 2015

Од 18-ти до 30-ти мај во уметничката галерија Palanca во Цирих, Швајцарија, неколку млади македонски дизајнери ќе ја промовираат својата работа пред европската публика во рамките на  [SKP] PopUp Store.

Настанот насловен  „Portugal Meets The Balkans“ има за цел да ја промовира балканската дизајнерска сцена, но и да ги спои балканските и португалските дизајнери под една заедничка платформа.

Креаторите Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Јана Ацевска, Росица Мршиќ, Бобан Илиевски и Драган Христов ќе го промовираат својот креативен потенцијал преку своите дизајни пред интернационалната пубилка и на овој начин ќе воспостават нов линк помеѓу домашната и глобалната модна сцена.

Настанот е иницијатива на Тања Стоименовска која по потекло е од Македонија, но неколку години живеела во Лондов, а во моментов е стационирана во Швајцарија. Овој пат во соработка со Carlos Fonseca, нивната заедничка цел е да остварат соработка и културен мост помеѓу нашите и португалските дизајнери.

Минатата година, во декември за прв пат наши дизајнери се претставија на [SKP] PopUp Store што беше организиран во Берн.

Објавено:
19 мај 2015
Категорија: 
Актуел