Македонски дизајнери со ревии во Приштина и Нови Сад

16 април 2014

Модниот бранч на Мила Кадриу ќе биде дел од Модната вечер која ќе се одржи на 18 април со почеток од 19:30 часот во Golden Restaurant во Приштина. Покрај Кадриу, истата вечер со свои колекции ќе се претстават уште 10 дизајнерски имиња, а специјални гости ќе бидат директори на пет модни недели од разни земји.

Росица Мршиќ  ќе биде дел од модната недела во Нови Сад и ќе се претстави со својата актуелна колекција на 24 април. На модната недела која ќе се одржува од  22 до 26 април ќе гостуваат Ејмерик Франсоа во улога на бекстејџ координатор и Доналд Потар, поранешен генерален директор на Jean Paul Gaultier и советник на Paco Rabanne, Kenzo Takada, Chantal Thomass, Vivienne Westwood, Alexander McQueen, Donna Karan и други.

Гостувањето на еминентни имиња на модните недели во регионот и претставувањето на дел од македонските дизајнери е чекор напред во промовирање на македонската модна сцена која на домашен терен треба да го пренесе позитивното искуство од соседството. Вчера македонскиот дизајнер Ненад Секирарски ја продолжи својата традиција и по 15-ти пат промовираше нова колекција на модната недела Fashion Selection во Белград која се одржува по 24 пат.

Објавено:
16 април 2014
Категорија: 
Актуел