Македонските дизајнери одржаа модна вечер со хуманитарен карактер

15 август 2016

 Македонските дизајнери ги прикажаа своите креации пред дојранската публика во рамките на модната вечер „Дојран ресорт“ која се одржа вчеравечер на плажата на хотелот „Романтик“.

На вечерта со хуманитарен карактер за жртвите од неодамнешните поплави, учествуваа „Emili Exclusive Design“, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Викторија Арсовска, Олгица Ѓоргиева и „ Studio Matra“.

Emili Exclusive design

На самиот влез посетителите можеа да донираат финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош на жителите во загрозените подрачја од поплавите.

„ Среќни сме што им овозможивме на жителите и на туристите да бидат дел од вакво модно шоу. Не заборавивме и на оние на кои сме им најмногу потребни после катастрофалните поплави. Општина Дојран веќе има свои екипи кои помагаат при расчистувањето од поплавите а со средствата кои ги собравме вечер , се надеваме дека ќе придонесеме барем малку да им се олесни состојбата на тие граѓани во овие тешки моменти.“, велат од Општина Дојран и Моден викенд Скопје кои стојат зад организацијата на проектот „Дојран ресорт“.

Emili exclusive desing

За шминката и фризурите на манекенките се погрижија Јована Коциќ и Фљореша Бајрами. Креациите ги потполнија чевлите од „Шантел“ (ГТЦ Скопје).

Фотографиите од модната вечер ги потпишува Иван Петровски.

Ирина Тошева

Ревиите се дел од проектот „Дојран ресорт“ кој започна во јули годинава кога долж Дојранското Езеро беше поставена изложба составена од големи паноа со модни фотографии кои посетителите ќе можат да ги видат во текот на целата година.

Ирина Тошева

Јована Филиповиќ

Јована Филиповиќ

Олгица Ѓоргиева

Олгица Ѓоргиева

„Studio Marta“

„Studio Marta“

Викторија Арсовска

Викторија Арсовска

Објавено:
15 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.741 пати