Македонските модели и нивните мајки: Елена Реи добрата генетика ја наследи од нејзината мајка Рената

4 септември 2020

Една од нашите најуспешни топ модели со искуство од десет години на светската модна сцена е Елена Реи.

Кога се враќаме низ годините наназад, дознаваме дека еден од клучните фактори за нејзиниот огромен успех се должи на посветеноста и храброста на нејзината мајка Рената. Покрај тоа што Рената има голем удел во остварувањето на големите професионални успеси на Елена Реи, убавицата несомнено ги наследила и нејзините гени.

Рената и самата била модел во нејзината младост. Па веќе со лично искуство, кога ги забележала манекенските предиспозиции кај Елена кога имала само 13 години одлучила да ја спои со модната агенција Моделс Ин од каде ѝ го обезбедуваат сигурниот и професионален пат во моделингот. Останатото е веќе историја.

Покрај наследената убавина, Реи ги учи најважните лекции токму од нејзината мајка.
„Рената Трајановска е мајка борец и мојот супер херој , покрај добрата генетика ги наследив и нејзините најдобри особини како упорноста и човечноста", потенцира нашиот супер модел.

 

Објавено:
4 септември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
6.671 пати