Македонските модели и нивните мајки: Горјана и Даниела ги делат истиот шарм и животни вредности

10 септември 2020

Кога станува збор за убавината на моделите, многу пати стручните лица како букерите или скаутите го употребуваат терминот „Х фактор". Тоа подразбира моделот да се разликува или отскокнува од другите и притоа да ја потенцира индивидуалноста.

Таков пример е нашата Горјана Кулишевска или според многумина црниот пантер во моделингот. Егзотична, мистериозна и неверојатно искрена под уметничкиот псевдоним Џоја, јавноста за прв пат ја запозна како „Лице на годината" за Македонија во 2017 година.

Овој избор го организираше нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент во соработка со српската агенција Модел Скаутинг Офис на Јелена Ивановиќ. Од тој момент ја започнува својата модна приказна која ја носи Горјана во интернационалниот моделинг.

„На прв поглед кога ќе ги видите заедно со нејзината мајка Даниела нема некоја голема сличност, но штом започнете разговорсо нив, првичниот впечаток се губи. Двете имаат достоинствено однесување, поседуваат неверојатен шарм и обземени сте од нивната убавина", вели Алек Наумовски од Моделс ИН.

Горјана, која инаку успешно балансира меѓу интернационалната моделинг кариера и студиите по молекуларна биологја, за својата мајка вели:

-Мајка ми е неверојатно грижлива и одлучна жена, но без нејзината дисциплина и јасни ставови немаше да бидам ова што сум денес.

Уште еден убав и позитивен пример за тоа колку е значајна релацијата мајка-ќерка генерално, вклучително и во градењето на карактерот и животните погледи на еден професионален модел што има амбиции за остваување на интернационален успех.

Објавено:
10 септември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.471 пати