Македонските модели Ивана и Андреј ја освојуваат Азија

10 јануари 2022

Иако веќе добро етаблирани на македонската модна сцена нашите препознатливи лица Ивана Караџова и Андреј Пајмакоски тргнаа да го освојат кинескиот моден пазар.

Караџова ја паметиме кога стана Лице на Годината во 2016, а од тогаш не престана да го гради своето портфолио и да биде дел од сите позначајни македонски модни случувања. Од неодамна нејзината матична агенција "Models In Management" во договор со белградската "Fox Models" решија да ја пласираат на интернационалниот моден пазар. Па така од пред два месеци се наоѓа во Кина, каде работи за познатата модна агенција Ustyle Models каде што има потпишано договор до месец март, зависно од обемот на нејзината работа и ангажмани може да се случи и да го продолжи истиот.

Додека пак Андреј Пајмаковски пред да замине за Кина веќе имаше интернационална кариера. Пред пандемијата престојуваше во Барселона каде беше застапуван од познатата шпанска модна агенција "Two Management". По долги преговори, неговата матична агенција од Скопје во договор со модната агенција "Demons" од Белград решија да го пласираат во Кина. Андреј престојува во Гуангжоу во престижната модна агенција "Youth Model Management" изјави Алек Наумовски од Моделс Ин.

Двајцата наши препознатливи модели имаа успешен старт во далечната Азија. Андреј изработи кампања за наочари и сликаше комерцијален каталог за познатиот спортски бренд "Fila". Додека пак Ивана се појави како заштитен лик за кинески моден бренд.

„Ако кажеме дека младоста и убавината одат рака под рака тоа значи дека нема граници за нивните успеси“, додава Алек од нивната матична агенција Моделс Ин.

Објавено:
10 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
459 пати