Малата Блу Ајви веќе е голем фан на Вивиен Вествуд

2 јули 2013

Ова и не е некоја новина бидејќи голем број селебрити ѕвезди уште од мали нозе ги форсираат своите деца да бидат тренди и облечени во брендирани парчиња од глава до пети. Па тоа сигурно нема да биде исклучок за 17 месечната ќерка на моментално еден од најбогатите парови во светот, Бијонси и Џеј Зи.

Блу Ајви била сликана со аксесоар наменет за претставниците на кралските семејства, односно со мала круна накитена со скапоцени камења од Вивиен Вествуд. Иако нема сина крв, сепак тоа не значи дека нема да биде третирана како принцеза, а токму тоа може да се заклучи од оваа фотографија.

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Актуел