Манекенка со 500 калории дневно

11 април 2017

Лиза Голден Бојвани до пред извесен период беше една од најбараните манекенки на секоја ревија во Њујорк. Работа со полна пареа и сето тоа со 500 калории дневно.

Една вечер како што подготвувала ниско калорична вечера се онесвестила. Таа вечер одлучила да престане со тој режим на исхрана и почнала да јаде малку повеќе. Но, не можела да престане.


„Бев многу гладна и се сакав да јадам. Јадев се, во огромни количини. Знаев дека сум на раскрсница во мојата кариера. Некако успеав да се провлечам на модната недела во Њујорк и никој не забележа дека сум се здебелила. Но, веќе за многу краток период сите забележаа. Молчев! Се фаќав себеси како јадам постојано и тоа само сиров зеленчук за да се оправдам за претходните прејадувања. Не симнував ниту грам. Тогаш дојде на ред ревијата за Долче и Габана и почнаа да пишуваат лошо за мене на сметка на мојата дебелина, за мојот обем на колкови. Не можев да одолеам на чоколадните кроасани, а дизајнерите сите по ред ме одбиваа за соработка. Точно знаев што е причината“, вели манекенката.


Од таа причина Лиза ќе се повлече од целиот тој свет и ќе почне една сосема поинаква приказна. Се вљубува и се мажи. Останува на својата идеја да ги задржи килограмите, да не гладува и да се врати во модниот бизнис повторно, но овој пат под нејзини услови.

 

Објавено:
11 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.032 пати