Манекенките на Викторија Сикрет го „украдоа“ шоуто со нивните шик комбинации на годинешното доделување на CFDA наградите во Њујорк.
Марта Хант, Лаис Рибеиро, Лили Олдриџ, Ирина Шајк и Џиџи Хадид беа едни од највпечатливите со комбинациите во кои блеснаа на манифестацијата што се одржа вчеравечер.
Настанот, поддржан од Сваровски, се одржа во Музејот Бруклин, а како и секогаш, се случи шоу за паметење.
Сите девојки носеа прекрасен накит од брендот, а она со што оставија најголем впечаток беа нивните комбинации.
Прекрасна во бело беше манекенката Марта Хант, која одбра фустан со корсет и додаден материјал во продолжение во слична нијанса, а комбинацијата ја надополни со интересна шминка и бели сандали со висока потпетица.
На доделувањето на наградите се појави и шармантната Ирина Шајк која овој пат одбра жолт фустан со леопард принт и карнери, надополнет со едноставни сандали и црна чанта, а како и секогаш, таа изгледаше неодоливо.
Шармантна во бел тантелен фустан беше манекенката Лили Олдриџ која се одлучи за едноставна шминка и фризура по кои таа е и онака позната.
Се чини најголем впечаток остави секогаш прекрасната актерка Кејт Бланшет која во последно време е вљубена во женските костими, па и сега се појави во еден таков, овојпат комбиниран со интересно сребрено здолниште и црн додаток одозгора.
Модниот совет на дизајнери од Америка секоја година традиционално ги наградува најдобрите во модната индустрија, а така беше и годинава.
Меѓу наградените беа Ким Кардашијан, Наоми Кембпел, Дијан вон Фурстенберг, Каролина Херера и Донатела Версаче.