„Манескин“ на гости кај Џими Фелон

27 октомври 2021

Кога ја видовме најавата на Инстаграмот на евровизиските победници „Манескин“ дека ќе гостуваат во емисијата на Џими Фелон, искрено мислевме дека се работи за целовечерно шоу.

Сепак, тоа не беше случај, но не го намалува успехот дека групата го направи своето деби во САД и тоа во една од најгледаните емисии таму.

„Begin“ и најновиот хит „Mamamia“ беа песните кои ги изведуваа и звучеа фантастично, a носеа креации на „Гучи“.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Ова ќе даде сосема нов правец во кариерата на групата која ги освои симпатиите на целиот свет.

Погледнете го нивниот настап:

 

Објавено:
27 октомври 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
610 пати