„Манескин“ станаа дел од кампања на „Гучи“

10 септември 2021

На Алесандро Микеле не му требаше долго време за да ги вклопи членовите на италијанската група „Манескин“ во своја модна приказна. Од брендот велат дека нивното појавување во кампањата била лична желба на дизајнерот, кој ѝ ги поканил.

Евровизиските победници се дел од најновата кампања на „Гучи“ насловена како „Gucci Aria Campaign“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

 

Приказната се врти околу потеклото на желбата (Ontology of Desire) и е поделена во пет дела: Андрогеност, Ерос, Тело, Облека, Философија.

Според модната куќа, првиот дел е посветен на еволуција на човекот кој од андрогено суштество преминува во потрага по изгубената половина. Ерос е есенцијата на желбата, виталниот импулс кој не' задолжува да го обновиме изгубеното заедништво. Тоа е импулсивен магнет,  кој преминува во уметност која е и над идентитетот, родот, ориентацијата, вкусот, преференците... проткаен со нијанси на еротизам, месо и љубов. Телото ја акумулира „еротската моќ“ која радосно се ослободува во енергија која се трансформира. Во оваа гладна, желна и никогаш заситена кожа, Ерос го гради својот храм.

А облеката е кожата во која ние одлучуваме да живееме, со моќ да дефинираме кои сакаме да бидеме. И на крајот, 

И на крај, Филозофија го раскажува еротскиот однос со светот што е дефиниран со се' - соништа, облека и желба. Тоа е циклус што продолжува да се манифестира низ нашиот живот - свесно и несвесно.

„Гучи“ нуди повеќе од само уште ревуија по повод 100  годишнината од постоењето на брендот.

Погледнете го видеото:

 

Објавено:
10 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
759 пати