Манго создава plus size линија

10 декември 2013

mango-plus-size-violeta

Манго вчера објави дека ќе лансира линија насловена како Виолета, која ќе содржи парчиња со големина од 40 до 52. Досега и други брендови создавале т.н plus size големини како АСОС, DKNY, но многу веројатно дека Манго ќе создаде колекција со најголем „распон“ на големини. Со тоа, ова ќе биде посебно искуство за жените кои носат поголеми конфекциски броеви.

Многу голем број од брендовите нудат поголеми броеви, кои всушност и не се многу поголеми од стандардните, па со тоа само сакаат да прикажат дека се отворени за сите категории, без навистина да се потрудат да им дадат избор.

На колекцијата Виолта ќе работи тим создаден од 40 експерти, посветени на овој дизајн и возбудени да ја раскажат својата приказна. Во почетокот на јануари 2014, колекцијата ќе се појави во Франција, Германија, Италија, Холандија, Турција, Русија и Шпанија, како и на веб страната на Манго.

 

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Актуел