Марчеза ви нуди решенија за дневна модна авантура

20 август 2013

Дизајнерското дуо на Марчеза, Џорџина Чепман и Керен Крег ја претставија новата колекција за патување и тоа по пониски цени кои  се движат од 260 до 1000 долари. Колекцијата е карактеристична по везените моменти и принтовите кои се спојуваат со елегантната и гламурозна нота.

-Тоа се парчиња што речиси секоја жена сака да ги облече преку ден, објаснува Керен. Независно дали патувате со авион, одите на работа или одите на некоја егзотична авантура, овие креации ќе можете да ги носите и во текот на денот но и навечер, вели Крег.

Новата колекција  Marchesa Voyage не беше претставена преку класична ревија туку како изложба, која дизајнерката Чепман ја објаснува како прогрес на брендот.

-Ова е нешто што јас и Керен отсекогаш сме го посакувале. Драго ми е за оваа колекција која иако е лежерна сепак ја носи ДНК на Марчеза, изјави Чепман.

Инаку, оваа колекција ќе се продава заедно со останатите колекции и е прва од ваков вид на овој реномиран бренд.

Објавено:
20 август 2013
Категорија: 
Актуел