Марија Грација Чури нов креативен директор на Диор?

24 јуни 2016

Модната куќа Кристијан Диор можеби конечно го пронајде новиот дизајнер. Во модните кругови се зборува дека ултра талентираната Марија Грација Чури ќе биде новиот креативен директор на модната куќа Диор, откако Раф Симонс си замина неочекувано назад во октомври.

Во моментов, таа работи заедно со Пјерпаоло Пичоли за модната куќа Валентино каде ги прават најубавите парчиња со кои девојките ширум светот се тотално опседнати.

Извори блиски на Диор говорат дека одлуката ќе биде официјално соопштена следниот месец, по завршувањето на couture шоуто на брендот.

Доколку гласините се покажат како вистинити, ова ќе биде огромен чекор за модната куќа, со оглед на тоа што дизајнерката ќе биде првата жена на чело на брендот во 70 годишната историја.

Марија Грација Чури и нејзиниот партнер Пјерпаоло Пичоли станаа дел од Валентино уште во 2008 – та година, а заедно го однесоа брендот на ниво на какво што никој не можеше да замисли со заработка од милионски суми.

Под нивното водство, брендот стана познат по неверојатно грациозните и романтични дизајни, кои добија одобрение и од најважните луѓе во модната индустрија.

Дизајнерката би се приклучила во Диор во многу тешки времиња за брендот, откако минатата година тие имаа драстично опадната заработка.

Оваа недела, катарската компанијата Мајхула која инаку е сопственик на Валентино, го купи францускиот бренд Балман за неверојатни 460 милиони евра.

Ниту Диор, ниту Валентино, засега не ја потврдуваат информацијата.

Објавено:
24 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
109 пати