Марио Тестино доби Орден од Британската Империја

14 октомври 2013

Модниот фотограф Марио Тестино, кој ги изработи официјалните фотографии на војводата и војвотката од Кембриџ, неодамна венчаните Кејт и Вилијам, е награден со Орден од Британската Империја, според информациите кои ги пласираше весникот Дејли Маил.

 

 

Тестино има изградено силна врска со кралското семејство, особено по објавувањето на неговиот црно-бел портрет на принцезата Дијана, фотографија која несомнено му донесе светска слава, а се работеше за фотосесија на Принцезата за реномираното списанија Vanity Fair, во 1997 година. Пет месеци од објавувањето на овие фотографии загина Принцезата на срцата.

 

 

Инаку првата слика на кралското семејство, Тестино ја направил неколку  неколку години пред тоа, откако се преселува од родната Лима во Лондон. Исто така се работи за црно-бела фотографија каде кралицата мајка со внукот од принцот Едвард, поминува покрај толпата народ на свадбата на лејди Дијана и принцот Чарлс во 1981 година. Оваа фотографија спаѓа во неговата лична селекција на изложби на фотографии кои имаат посебно место и го карактеризираат неговиот работен опус.

 

 

Тестино откри дека на фотосесијата која и ја правел на лејди Дијана во 1997 година во позадина свирела музиката на француската пејачка Далида, а истиот амбиент и музика ги искористил кога им ги правел и официјалните фотографии на Кејт и Вилијам.

 

 

„Иако членовите на кралското семејство се навикнати да бидат фотографирани , сепак треба да се чувствуваат удобно, за да изгледаат убаво“, вели Марио за списанието Vogue.

 

 

Тестино е еден од малкуте странски државјани кои ја имале честа да се закитат со почесната награда од Британската кралица во последниве години. Меѓу нив се и Мелинда Гејтс, сопруга на основачот на Microsoft, милијардерот Бил Гејтс, која беше наградена за нејзината хуманитарна активност.

 

 

 

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Актуел