Марјана Станојковска објави моден дуел: Елена Лука пред „Москино“

16 септември 2021

Модната Мет Гала веќе неколку дена е топ тема во светските медиуми. Многу коментари привлече годинашното издание, што поради пропустите во однос на темата, а најмногу поради креациите.

Меѓу присутните беше и познатата манекенка и модел Ирина Шајк која се појава во транспарентна креација со аплицирани 3Д цветови на модната куќа „Москино“

Овој нејзин изглед ја поттикна нашата водителка Марјана Станојковска да се потсети на моделот на Елена Лука, кој таа го носеше во 2010 година, а кој ќе се согласите, неодоливо потсетува на овој од „Москино“, но е прв создаден.

Материјалите се различни, но концептот и идејата на креацијата е сличен - транспарентен фустан со 3Д цвеќиња во интимните делови и „шлеп“ исто така украсен со цвеќиња.

 

„Креацијата од 2010 на Елена Лука која ја носев на спотот на Ѓоко Танески "Јас ја имам силата" и Ирина Шајк 2021 во „Москино“. Браво за тимот на Елена Лука!“ напиша Станојковска под објавата.

Уште еден пример дека и на домашната сцена се создавале и се создаваат креации достојни на светските кои што ги гледаме секојдневно.

За потсетување, оваа и уште десетици други креации на Елена Лука беа специјално создадени за евровизискиот спот за песната „Јас ја имам силата“ со која во 2010 година не' претставуваше Ѓоко Танески. 

На едно место беа собрани најпознатите македонски убавици, облечени во уникатните комбинации на брендот.

Ве потсетуваме на дел од атмосферата>

 

 

Објавено:
16 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
9.282 пати