Марк Цукерберг прашува: што да облечам?

27 јануари 2016

Основачот на една од најпопуларните социјални мрежи Фејсбук, Марк Цукерберг на својот профил објави фотографија од неговиот плакар, со идентични маички во сива боја, барајќи совет од своите пријатели, што да облече.

Секако дека Цукерберг го постави прашањето со цел да добие што поинтересни и комични одговори и предлози, со оглед на фактот дека изборот се сведува на еден ист тип на маичка во една иста боја.

Исто како и Стив Џобс, Марк е самопрогласен „отпадник" во светот на модата, па неговиот едноставен стил се сведува на еднолични комбинации кои станаа негов заштитен знак, исто како и црните маички и блузи што беа незаменливи во имиџот на Џобс.

Објавено:
27 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.125 пати