Австралискиот дизајнер со македонски потекло, Тони Матичевски вчеравечер во Сиднеј во рамките на модниот настан организиран од најголемата австралиска модна групација „Myer“ ја претстави најновата колекција пролет-лето2014/15. Станува збор за колекцијата насловена "Orchid Metamorphosis" која ја карактеризираат креации што ја нагласуваат силната женска силуета изработена од квалитетни текстури.
Освен тоа колекцијата е сочинета и од волуменозни и футуристички парчиња со специфични ракави и пепулум, кои се движат во колорната палета на бела, црна, црвена и сива. На официјалната страна од социјалната мрежа Фејсбук, дизајнерот објави неколку фотографии направени зад сцената и од писта, а манекенките имаат специфични фризури, во јаки и необични бои.
Пред само неколку дена беше објавен и краткиот тисер за колекцијата кој можете да го погледнете во продолжение.