Матичевски во фантастична флорална инсталација за австралиски Вог

12 август 2014

Австралискиот дизајнер со македонски потекло, Тони Матичевски за последниот број на австралискиот Вог позира во рамките на магична уметничка инсталација со орхидеи.

Темата на инсталацијата не е случајна, бидејќи и последната колекција за сезоната пролет-лето 2015 на Матичевски е насловена „Orchid Metamorphosis” која ја карактеризираат  креации што  ја нагласуваат силната женска силуета изработена од квалитетни текстури, а беше презентирана неодамна во Сиднеј на модниот настан организиран од најголемата австралиска модна групација „Myer“.

Наскоро оваа линија на креаторот ќе биде достапна за онлајн продажба.

 

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Актуел