Се сеќавате на 18-годишната Меделин Стјуарт, девојчето што има Даунов Синдром и сака да стане модел? Епа, желбата и' се исполни. Откако бројни медиуми во мај годинава објавија неколку професионално направени фотографии од неа, таа конечно ја сними и својата прва модна кампања.
Се работи за спортска облека на брендот Manifesta. Ова можеби е и најдобриот тип на облека за прва кампања на Меделин, бидејќи таа на патот за остварување на својот сон, ослабе околу 20 килограми и води активен спортски живот.
Од друга страна, овој бренд не произведува облека по стандарни, нумерирани големини. Со цел да се сакате себеси и да бидете задоволни, на нивниот сајт може да купувате со вашите мерки.
А бидејќи веќе видовме дека на Меделин одлично и' стојат хеланки и спортска опрема, а ја делат истата животна мотивација, нема сомнение дека таа е вистинскиот избор за нив.
Веруваме дека оваа прва рекламна кампања, нема да биде и последна.
Во продолжение погледнете ги сите фотографии: