Во кралското британско семејство никако да дојде период на мир и стабилизација.
Збогувањето
Од денес Меган Маркл и принцот Хари веќе не се дел од британското кралско семејство. Двојката вчера се прости од 11 милиони следбеници на Инстаграм профилот „Сасекс ројал“.
View this post on Instagram
„Почнуваме ново поглавје во нашите живот и сакаме да придонесеме на светот на некој друг начин. Иако можеби повеќе нема да нè гледате тука, нашата работа продолжува. Веруваме дека секоја личност на овој свет има потенцијал да направи некаква разлика. Ви благодариме за поддршката, инспирацијата и ангажманот, за и самите да го направите светот подобро место за живеење. Се радуваме на приликата повторно да се поврземе со вас, бевте прекрасни. До тогаш, чувајте се и чувајте ги вашите најблиски“, е дел од прошталната порака на Меган и Хари.
Тие наведуваат дека набрзо ќе стапат во контакт со својата Инстаграм публика од друг профил, но деталите не ги соопштија.
Меган се враќа на актерството
Од друга страна, „Дизни“ минатата недела најави два нови филма,од кои во едниот насловен како „Слон“ гласот ќе го позајми токму Меган Маркл. Значи, заложбите на Хари не беа залудни.
View this post on Instagram
Непреболена вина за Дајана
View this post on Instagram
И на крајот, после сите случувања, се огласи и биографката на Хари, која го искритикува однесувањето на двојката. Нејзините размислувања и информации ги сподели со магазинот „Татлер“.
Повеќе од година дена, биографката Ангела Левин го следи принцот Хари во неговите ангажмани. Со оглед дека имала доволно време да го запознае, го опишува со зборовите - харизматичен, интуитивен, брз, но и пргав и проблематичен. Но, не е така наклонета кон неговата сопруга, Меган Маркл.
Таа однесувањето на познатата двојка го опишува како „себично“, при што селењето во Лос Анџелес е само уште еден доказ за тоа.
„Нивните приоритети зборуваат повеќе од нив самите. Се однесуваат како разгалени тинејџери, а не како возрасни личности во 30-тите. Хари поради целата ситуација стана безобразен и очигледно е дека е под стрес“,вели Левин. Таа додава дека во времето кога се вериле со Меган, тој ја уверил и неа (Ангела) како изгледа реално животот на еден член на кралското семејство. Хари сакал Меган да сфати колку нејзиниот живот дотогаш ќе се разликува од оној што следи.
Но, нешто помалку од две години подоцна, двојката излегува од кралското семејство и ја напушта Британија. Левин тврди дека принцот е очаен поради тоа што морал да го напушти семејството и да го остави тоа поглавје од животот зад себе, а во кој спаѓа и сè што е поврзано со војската, нешто што него многу му значи.
Авторката вели дека 36-годишниот Хари ѝ признал дека е свестен дека ја разочарал својата мајка, принцезата Дајана, како и тоа дека не успеал да ја спаси.
„Ми кажа дека се чувствува како да не направил доволно за да ја заштити, но тоа не би го можело ниту едно 12-годишно момче. Токму затоа, се фокусирал на тоа да ја заштити Меган, да ја направи среќна. Сепак, неговиот израз на лицето во текот на многу од ангажманите во последната година, јасно дава до знаење дека е загрижен и дека смета дека не прави доволно за да ја заштити.
Ангела смета дека Меган има потреба да биде во центарот на вниманието, нешто што Хари и принцот Вилијам никогаш не сакале да бидат, туку своите улоги како познати личности, ги користеле за добротворни цели.
На крајот, таа упатува молба Хари да се врати во Британија, бидејќи стравува дека тој еден ден ќе се запраша дали неговата сопруга некогаш ќе може да биде среќна и задоволна или е една од оние личности кои секогаш сакаат повеќе.