Меган Маркл е прогласена за највлијателна модна личност за 2019-та

20 ноември 2019

Што и да облече војвотката од Сасекс, Меган Маркл, инстантно се распродава!

Ова е еден од критериумите што се земени во предвид при изборот на стилски највлијателни личности за 2019 година, а токму Меган Маркл ја предводи листата прескокнувајќи ги Кајли Џенер и Карди Б кои претходно беа на врвот.

Меган Маркл е единствената претставничка на кралското семејство која годинава е во Топ 10 највлијателни стилски икони, додека Кејт Мидлтон е рангирана на 11. позиција.

Продажбата на парчиња што ги носела Меган, скокнала за дури 216 процент, што е уште еден показател за нејзиното влијание, пренесува Daily Mail.

Рангирањето на оваа листа го прави релевантната модна платформа Lyst, која при нејзиното дефинирање зема во предвид повеќе фактори и критериуми како продажба, преглед на страници, медиумско покривање, спомнувањата во содржините на социјалните медиуми...

Фото: Пинтерест, Daily Mail

Објавено:
20 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.794 пати