Меланија Трамп во Диор: Беспрекорно издание на првата дама на последната дебата пред претседателските избори во САД

24 октомври 2020

Ако политиката ја ставиме во сенка на модата, тогаш вест на денот е појавата на Меланија Трамп на последната претседателска дебата помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден пред претстојните претседателски избори во САД.

За време на целиот претседателски мандат на нејзиниот сопруг, Меланија покажа достојност и изострен вкус кога стилот е во прашање, иако имаше многу полемики и отпор на таа тема. Со нејзиниот избор на стајлинг за оваа круцијална дебата, таа стави печат на нејзиниот стил како прва дама.

Елеганција во најбеспрекорно издание, тоа е осноивниот впечаток за нејзината појава во фантастичен црн фустан без ракави со потпис на Диор.

Половината е нагласена со тенок ремен, а фигурата визуелно е издолжена со изборот на перфектни црни салонки Лубутан, со што Меланија постигнала изглед што ги заслужува сите комплименти.

Претседателските избори во САД ќе бидат одржани на 3. ноември во посебни протоколарни услови наложени од ситуацијата со Ковид-19.

Фото: Getty images

 

Објавено:
24 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.339 пати