Меланија Трамп во две шик комбинации го одбележа викендот

27 мај 2019

Изминатиов викенд американскиот претседател Доналд Трамп и официјално ја започна посетата на Јапонија во друштво на неговата сопруга, секогаш прекрасната Меланија Трамп.  

Во Јапонија таа пристигна во креација на Калвин Клајн украсена со разгледници од Западот на Америка, додека веќе следниот ден се одлучи за нешто посмирено.

shutterstock

На прошетката со сопругата на јапонскиот премиер, Меланија се појави во свилен комбинезон во темно сина нијанса со ремен на половината и лакирани балетанки со панделка.

Заедно со нејзиниот сопруг, следниот ден тие ја посетија палатата Кокио каде го запознаа јапонскиот цар Нарухито, а за пригодата таа одбра нежна бела креација од Каролина Херера со впечатливи колоритни детали од едната страна.

Profimedia

Прекрасниот бел фустан таа го надополни со високи потпетици во јака црвена боја и изгледаше навистина одлично.

Која комбинација на Меланија ви се допаѓа повеќе?

Инфо: Tportal.hr

Објавено:
27 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.254 пати