Мемоарите на Мишел Обама ќе ги читаме на есен

27 февруари 2018

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама викендов на нејзиниот Твитер профил наведе дека нејзините мемоари ќе бидат објавени во ноември, а книгата ќе го носи насловот „Becoming“. 

Таа ги опиша мемоарите како „длабоко, лично искуство“.

Мишел и нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама, минатата година постигнаа договор со издавачката куќа „Penguin Random House“ за нивните книги, а се претпоставува дека вредностна на договорот е 30 милиони долари.

Како пренесуваат странските медиуми, дел од средствата од продажба ќе бидат насочени кон „Фондацијата Обама“, а дел од книгите ќе бидат донирани и на непрофитната организација „First Book“. 

Книгата ќе биде достапна на 24 јазика, а ќе биде во продажба од 13-ти ноември годинава. 

Со оглед дека Мишел многу бргу стана една од омилените први дами не само во САД, туку и ширум светот, ќе биде интересно да се прочита нејзината страна од приказната, како млада девојка од Чикаго стасува до прва дама која со своите постапки и дела ги мотивира останатите.

Инаку, во американските медиуми се наведе и информацијата дека следната пролет нејзиниот сопруг, Барак Обама ќе објави исто така книга, но други детали не се откриени.

Објавено:
27 февруари 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
272 пати