Мерил Стрип е вистинска рок дива во новиот филм „Ricki and the Flash“

4 мај 2015

Оскаровката и една од најбрилијантните актерки на сите времиња, Мерил Стрип е вистинска рок дива во новото филмско остварување „Ricki and the Flash“ каде може да ја видиме во улога на рок пејачка и гитаристка.

Викендов беа објавени нови фотографии од снимањето на филмот во кој Мерил ја толкува главната улога заедно со нејзината ќерка Меми Гамер, згодниот Себастијан Стен и музичарот Рик Спрингфилд.

Режисерот на филмот Џонатан Дем посочи дека Мерил Стрип е жена која со нејзината неверојатна актерска моќ може одлично да се снајде во било која улога. Конкретно за оваа, тој ќе каже дека таа има една неверојатна и ултра електрична изведба на улогата за која е сигурен дека не згрешил што и ја доделил.

Во филмот, Стрип глуми музичка хероина која се откажува од сѐ за да го оствари својот сон, а веднаш потоа и жена која се справува со семејството сакајќи да ги исправи работите со сите.

Американската премиера на филмот се очекува да се случи на 26 – ти јуни оваа година.

Објавено:
4 мај 2015
Категорија: 
Актуел