Месец на големи попусти во Елена Лука

12 февруари 2016

Вашето омилено дизајнерско парче од Елена Лука набавете го со огромен попуст до 70%.

Големиот избор на уникатни дизајни од последните колекции на брендот се достапни по прифатливи цени, а помеѓу нив ќе најдете и плетени пелерини и шалови, капи и бунди изработени од еко-крзно, капути во различни дезени, бои и должини, коктел и свечени фустани, како и голем избор на модни додатоци.

Во пресрет на Денот на вљубените, Елена Лука за сите заљубени парови дизајнираше специјални брошеви со симболични пораки за Свети Валентин.

Целокупниот асортиман со попуст до 70% е изложен во ателјето на Елена Лука во населбата Капиштец.

Објавено:
12 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
888 пати