Мет Галата годинава ќе се одржи на 13 септември

2 септември 2021

Поради пандемијата, минатата година изостана и Мет Галата, која традиционално се одржува првиот понеделник во мај. Јубилејот, 25 години од манифестацијата се одбележа без големи собири на 29 ноември.

Во април година пак, најавија дека годинава повторно ќе се одржи, но во два дела.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

На 13 септември ќе се одржи големата Мет Гала, додека пак на 18 септември ќе биде отворена изложбата чија тема е „In America: A Lexicon of Fashion“. Со оглед на тоа дека во фокус е ставена американската мода, изложбата ќе вклучува дела на значајни американски дизајнери. Во првиот дел како пренесува „Вог“ ќе се видат околу 100 креации од повеќе од 80 модни куќи, меѓу кои и на Ралф Лорен, Дона Каран, Калвин Клајн, Марк Џејкобс.

Вториот дел од изложбата кој ќе го носи називот „In America: An Anthology of Fashion“ ќе биде отворен во традиционалниот термин, првиот поделелник во мај во 2022 (5 мај) и тогаш ќе бидат прикажани и дизајните на дизајерите кои ја одбележале американската модна историја, а меѓу нив и Оскар де ла Рента, Дајан фон Фурстенберг, Каролина Ерера.

Годинашниот настан ќе биде поддржан од Инстаграм, па меѓу почесните гости ќе биде и Адам Мосери.

Покрај него секако ќе бидат тука и Ана Винтур и Том Форд. Годинашните домаќини ќе бидат Тимоти Чаламе, Били Ајлиш, Аманда Горман и Наоми Осака.

 

Објавено:
2 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
285 пати