Мила Кадриу го отвори новото ателје со презентација на свечена колекција

6 мај 2016

Со новата колекција наречена „Girls night out" за пролет-лето 2016 година, дизајнерката Мила вчеравечер го отвори нејзиното новото ателје во скопската населба Карпош 3.

Могубројните новинари, личности од јавниот живот и редовните клиенти на „MCouture by Mila Kadriu" во новиот креативен простор имаа можност да видат вкупно петнаесет креации.

„Колекцијата „Girls night out" е посветена на ноќниот живот. Ја создадовме за сите урбани девојки кои во своите вечерни излегувања сакаат да внесат гламур но и едноставност во облеката која ја носат. Низ колекцијата доминираат златната, белата и темно сината боја надополнети со бели, бледо розеви и црни детали. Чипката и кожените детали се провлекуваат низ дизајнот на геометриските форми", вели за својата нова колекција Кадриу.

За шминката на манекенките се погрижи Зоран Шурбевски со тим на мејкап апртисти додека за фризурите беа задолжени Војкан Андреевски од студиото за убавина „Fashion VA" и „Studio Mio".

На отворањето беше презентиран и најновиот официјален каталог-сублимат од последното тринаесетто издание на Моден викенд Скопје, сезона пролет-лето 2016 година.

Новоиот моден салон „MCouture by Mila Kadriu" се наоѓа на булеварот „Партизански одреди" бр.102 1-2/6 (во зградата до бензинската пумпа „Окта").

Објавено:
6 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.480 пати