Мила Кадриу ја најавува колекцијата „Crystal ball“

28 ноември 2014

Модната колекција наречена „Crystal ball“ (Кристална кугла), со потписот на „Mcouture by Mila Kadriu“ ќе биде прикажана во „City hall“ центарот во Скопје, на втори декември во 20 часот.

Во рамките на десеттиот Моден викенд Скопје, на изложбата на отворено наречена „Арт ограда“ беше поставено пано со една од креациите од колекцијата „Crystal ball“ за есен/зима 2014/2015 година, како најава за претстојната ревија.

Со „ Моќта на заводливост прикажана преку женственоста на линиите кои ја обвиткуваат, нежноста од материјалите кои јасно испишуваат реченици карактеристични само за Неа.“, Мила Кадриу ја опишува најновата колекција.

За изгледот на моделите од модната агенција „Подиум“ кои ќе ги носат креациите ќе се погрижи официјалниот „мејкап“  партнер на десетотото издание на Моден викенд Скопје- АВОН во соработка со тимот на „Академија Леонтиќ“ и фризерското студио „Бубе Студио Ин“ во соработка со „Lakme“.

Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Актуел