Лондонската модна недела, како и онаа посветена на Високата мода се одржаа онлајн. Тоа се покажа како функционално решение и доказ дека претставувањето на колекциите може да заземе и друга форма освен „класичната“ преку ревии.
Во изминатиов период видовме презентации во форма на кратки видеа, документарни записи за тоа како се создавале, фотографии и тоа се онлајн.
Но, Националната комора на италијанските дизајнери и модни куќи одлучија дека сепак ќе се вратат на класиката. Датумот на одржување е од 22 до 28 септември, а во тие денови ќе се одржат 28 офлајн ревии, но 24 од нив ќе се емитуваат на интернет.
View this post on Instagram
Имено, тие објавија распоред за пролетната Миланска модна недела, која ќе се одржи со физички ревии, но присуството на публика сè уште е неизвесно. За сега не е потврдено дали љубителите ќе можат да ги следат ревиите во живо, или ќе ги гледаат снимките после одржувањето.
Поголемиот дел од модните куќи, меѓу кои „Марни“, „Версаче“, „Долче и Габана“, „Армани“, “Прада“, „Фенди“, „Макс Мара“ ќе одржат класични модни шоу-а. Се очекува брендовите да ги одржат ревиите во склад со пропишаните безбедносни мерки.
Од друга страна, некои брендови воопшто и ги нема во распоредот, како „Ботега Венета“ и „Москино“, кои сè уште не ги објавиле датумите на претставување на своите колекции.
„Гучи“ ќе има посебна ревија, надвор од распоредот на модната недела.