Министерството за култура на Мексико ги обвини „Зара“ и уште неколку брендови за "културно присвојување"

9 јуни 2021

„Зара“, „Антрополоџи“ и „Патовл“ се брендовите кои Мексико ги обвини за незаконско присвојување на мексиканската култура.

Како пренесуваат светските медиуми, тие за нивните креации користеле дизајни од автентични и автохтони мексикански групи, без притоа, никаква корист за заедниците.

Од Министерството за култура на Мексико се испратени писма, потпишани од мексиканскиот министер за култура, Алехандра Фраусто до трите споменати глобални брендови, во кои се бара секој од нив „јавно да објасни врз основа на што го приватизирале колективниот имот“, пренесува „Ројтерс“.

Конкретно, брендот „Зара“, во еден од моделите, син везен фустан - користел симбили и дизајни карактеристични за традиционалните "huipil" фустани, типични за домородната заедница „Микстек“ од Сан Хуан Колорадо во јужната држава Оаксака.

Од компанијата „Индитекс“ од чиј дел е „Зара“ се единствените кои одговориле на повиците на новинарите од „Ројтерс“ и велат дека не е направена намерна штета.

„Дизајнот за кој што станува збор во никој случај не беше намерно позајмен од уметничко дело на мексиканскиот народ Микстек, ниту беше создаден под тоа влијание", нагласуваат во изјава за „Ројтерс“.

Кај брендот Anthropologie спорни се везени шорцеви, посочени како пример за наводно културно исто присвојување. Мексиканската влада тврди дека шорцевите, кои чинеле речиси 70 долари, има симболи кои потсетуваат на оние што ги користела домородната заедница Микс. 

Брендот Patowl е обвинет дека "цвеќињата на нивните кошули" биле инспирирани од техниките за вез на заедницата домородната заедница Запотек до Сан Антонино Кастиљо Веласко.

Министерство за култура на Мексико тврди дека рачно изработениот цветен вез на кошулите на Patowl е имитација на комплексна техника позната како „hazme si puedes" („направи ме ако можеш").

Објавено:
9 јуни 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
313 пати
Извор: 
marketing.365.mk