Миранда Кер прославува со балони

28 ноември 2014

miranda-kerr-boots01

Топ моделот Миранда Кер ја краси насловната страна на шпанското издание на Гламур за декември. Освен тоа, Кер се појавува и во мини едиторијал. Облечена во провокативни фустанчиња и боди, со високи чизми и опкружена со мноштво балони во розова и корална нијанса, моделката го најави празничното расположение.

Зад фотографиите се потпишува Серџи Понс, за стајлингот се погрижи Миријан Аруга, а за шминката и фризурата се погрижи Кети Толас. Миранда Кер е вистинско уживање за око, а со балоните и стајлингот моделот навистина успева да ја пренесе празничната еуфорија. Погледнете:

miranda-kerr-boots02miranda-kerr-boots03miranda-kerr-boots04-800x1083

 

Објавено:
28 ноември 2014
Категорија: 
Актуел