Мис Балкан 2015: Македонката меѓу трите најубави

25 декември 2015

Завчера на бродот Sava Lux во Белград се одржа изборот за Мис на Балканот за 2015 година. Во конкуренција од 15 учеснички од балканските земји, нашата претставничка, 20 годишната Надица Димковска од Скопје, ја освои титулата Втора придружничка.

Титулата прва придружничка ја освои претставничката на Босна и Херцеговина, Јасмина Гутошевиќ, а за најубава на изборот беше избрана српската претставничка, Теодора Ристиќ.

Ова е десетто издание на изборот за Мис на Балканот, во организација на агенцијата „Miss" од Белград.

Нашата претставничка е членка на модното студио „Црнокрак" кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор.

 

Објавено:
25 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.019 пати