Мишел Обама ја носи најубавата портокалова комбинација што сте ја виделе

2 март 2019

Неодамна таа беше хит на социјалните мрежи со впечатливите жолти чизми од Баленсијага комбинирани со стилски фустан во иста нијанса, а се чини дека и викендов Мишел Обама ќе го освои Интернетот.

На промоција на нејзиниот бестселер „Becoming“ во Остин, Тексас таа се појави во целосно портокалова кoмбинација составена од свилена кошула на преклоп и панталони со висок струк изработени од подеднакво прекрасен материјал.

Getty Images

Парчињата што ги носеше поранешната прва дама на САД се од колекцијата на млада дизајнерка од Бруклин која работи под името Fe Noel, а која после ова, дефинитивно ја чека светла иднина.

На голем дел од јавните појавувања, уште кога беше прва дама на САД, Мишел често сакаше да носи парчиња од млади дизајнери на кои, како што велеше, им помага да успеат во светот на модата.

Yahoo News

„Беше огромна чест за нас да соработуваме со госпоѓата Обама. Нејзината стилистка Мередит нè контактираше неколку недели откако прв пат се сретнавме и потпишавме договор за соработка. Бевме пресреќни. За парчињата, соработувавме со личниот кројач на госпоѓата Обама кој ги има нејзините точни мерки пресликани на кукла во неговото студио“, вели дизајнерката Фелиција, која посочува дека нејзините парчиња се наменети за силни жени, а Мишел е токму таква.

Yahoo News

Ова е уште еден доказ дека долгогодишната стилистка на Мишел Обама, Мередит Коп, совршено ја познава поранешната дама и секогаш ѝ одбира парчиња што совршено ѝ прилегаат, како во случајов.

Инфо: Vogue, Yahoo News

Објавено:
2 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.359 пати