Мишел Обама ќе го отвори Центарот „Ана Винтур“
•
24 април 2014
На 5-ти мај официјално ќе биде отворен Центарот за костими што ќе го носи името на славната уредничка Ана Винтур, а во рмаки на Институтот за костим.
За отворањето ќе биде задолжена првата дама на САД, Мишел Обама, која ќе ја пресече летата пред Метрополитен музејот на уметност. Настанот ќе се одржи во претпладневните часови, истиот ден кога ќе се случи и годишната гала вечер на Институтот, а Обама ќе одржи и прикладен говор.
Се уште не е познато дали првата дама ќе присуствува на галата, која ќе биде во знакот на Чарл Џејмс, а ќе има и изложба насловена како „Чарлс Џејмс: Над модата “ (Charles James: Beyond Fashion).