Првата дама на САД Мишел Обама за прв пат организираше свечена вечера и прием во Белата куќа за дел од светските дизајнери каде сите пофалби ги собра дизајнерот Нарсисо Родригез.
На вечерата, таа посочи дека жените ширум светот треба да бидат среќни што постои еден таков креативен човек кој се одлучил да стане дел од модната индустрија, наместо да биде доктор или адвокат!
Мишел вечерта се одлучи за тесен темно- виолетов фустан до колената со интересен дел кај деколтето изработен од висококвалитетна свила.
„Она што со сигурност можам да го кажам е дека овие луѓе се едни од најкреативните и најсмелите умови што сум ги запознала во животот – од дизајнерите на Гугл кои прават неверојатни работи, па сѐ до оние дизајнери што градат фасцинантни згради и уредуваат домови како никој друг“, изјави првата дама на САД.
Обама додаде и дека верува во тоа дека нејзиното мислење околу Нарцисо Родригез го делат сите жени во светот, кога таа вели дека е благодарна што дизајнерот се решил да биде дел од модната индустрија.
„Ваквите признанија се дефинитивно многу значајни за мојата кариера. Мене ми е чест самото тоа што се наоѓам во иста просторија со вакви значајни дизајнери и што можам да разговарам со нив, тоа што тие ме знаат и ја следат мојата работа“, изјави Родригез.
На 8-ми октомври првата дама на САД ќе организира Модна едукативна работилница во Белата куќа, на која учество ќе земат голем број студенти од средните училишта и универзитетите, модни дизајнери и уредници на светски магазини кои ќе ги разменат своите искуства на заедничка маса.