Мистериите на Перу низ модниот објектив на магазинот Flaunt

7 мај 2014

Магазинот Flaunt, за своето мајско издание на сите фанови и обожаватели реши да им долови една поинаква фотографска приказна која ги одгатнува тајните мистерии на Перу. Тимот на списанието на чело со фотографот Александар Њуман и холандскиот модел Патриција ван дер Вилет направија инвентивен и шармантен едиторијал.

Прекрасните пејсажи на Перу, тесните улици што шепотат легенди од едно време и спојот на неверојатните архитектонски градби, беа надополнети со модните комбинации на фустани со комплексни везови во црна и златна нијанса, пердуви и многу тантела потпишани од пролетните колекции на дизајнерските имиња Валентино, Луј Витон и Марк Џејкобс.

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Актуел